Почина Џејмс Мајкл Тајлер, актерот од серијата „Пријатели“

Актерот Џејмс Мајкл Тајлер ја загуби битката со ракот на 59-годишна возраст.

Актерот кој го глумеше Гинтер во хит серијата „Пријатели“, починал дома во Лос Анџелес во неделата наутро, се наведува во изјавата на неговиот менаџер.

Ракот на простата му бил дијагностициран во 2018 година.

Неговиот менаџер рече: „Ако сте го сретнале еднаш, сте стекнале пријател за цел живот.“

„Светот го знаеше како Гинтер - седмиот ‘пријател’ од ситкомот Friends, но најблиските на Мајкл го познаваа како актер, музичар, борец против ракот и сакан сопруг“, соопшти семејството на Тејлер.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.