Ремек-дела на Пикасо продадени за речиси 110 милиони долари на аукција во Лас Вегас

Единаесет уметнички дела на Пабло Пикасо кои беа изложени во хотел во Лас Вегас повеќе од две децении се продадени на аукција за речиси 110 милиони долари.

Делата, кои беа во сопственост на MGM Resorts, беа прикажани во ресторанот „Пикасо“ во хотелот „Белаџо“.

Компанијата изјави дека аукцијата во саботата ќе ѝ помогне да ја подобри разновидноста на нејзината колекција на ликовна уметност.

На аукцијата беа прикажани девет слики и две керамички дела на славниот шпански уметник, кој почина во 1973 година.

Колекцијата опфаќа повеќе од 50 години уметничка работа.

Сликата „Жена со црвено-портокалова беретка“ од 1938 година, на која е прикажана љубовницата и муза на Пикасо, Мари-Терез Волтер, достигна највисока цена на вечерта, 40,5 милиони долари.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.