Наместо куќен притвор побарал да оди во затвор oти не можел да ја поднесе сопругата

Маж осуден на домашен притвор се пријавил во полициска станица и побарал да биде ставен во затвор бидејќи неговиот живот со сопругата и нејзиното семејство бил невозможен, објави италијанската полиција.

Станува збор за 30-годишен Албанец кој живее во градот Гидонија Монтечело во близина на Рим.

„Во очај решил да побегне, самиот се пријави и побара да ја отслужи казната зад решетки“, информираат од полицијата.

Човекот е осуден на домашен притвор, каде се наоѓа веќе неколку месеци, поради злосторства поврзани со дрога. Таквата казна требало да ја одлежува неколку години, што му изгледало безнадежно, изјави Франческо Џакомо Феранте од Тиволи.

Рекол дека животот му станал пекол и дека веќе не може да издржи, па сака да оди во затвор.

Кога се пријавил во полицијата, човекот бил уапсен поради кршење на куќниот притвор, па правосудните органи наредиле да биде ставен во зад решетки.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.