Хелен Мирен ќе ја добие еснафската награда за животно дело

Британката Хелен Мирен ќе добие награда за животно дело од нејзините колеги актери од „САГ“ следната година, соопштија организаторите во четвртокот.

Американското здружение на филмски актери (Screen Actors Guild) или „САГ“ ја доделува оваа еснафска награда на поединци кои во текот на кариерата ги негуваат највредните идеали на актерската професија.

 

 

Оскаровката Мирен одигра повеќе од 70 улоги, од кралица Елизабета до убиец на тајните служби во текот на својата 45-годишна кариера во филмот, телевизијата и театарот.

„Дејм Хелен Мирен е едноставно брилијантен и сјаен талент“, рече Фран Дрешер, претседател на синдикатот САГ-АФТРА, кој обединува околу 160.000 актери, новинари и други медиумски професионалци.

„Таа ја постави границата многу високо за сите актери и, од улога по улога, ги надмина дури и сопствените извонредни перформанси“, додаде Дрешер во изјавата.

76-годишната Мирен ќе ја додаде наградата на својот „Оскар“, четири „Еми“, пет „САГ“ награди и „Тони“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.