(Видео) Хали Бери: Режирањето на Bruised беше една од најтешките работи што сум ги направила

Оскаровката Хали Бери првпат седна на режисерското столче за новиот филм Bruised, драма во која и глуми како поранешна фајтерка во мешани борачки вештини (ММА), која се обидува да ја оживее својата кариера.

Бери откри дека ѝ биле потребни години за да го донесе филмот на екранот и дека презела интензивна физичка обука по пет часа на ден за да се подготви за сцените со борби. Филмот моментно се прикажува во ограничен број кина и ќе биде објавен на „Нетфликс“ в среда (24 ноември).

 

 

„Знаев дека ќе потрошам повеќе време, повеќе енергија, повеќе часови отколку на што било друго што некогаш сум го работела во целата моја кариера“, рече таа во интервју за „Ројтерс“.

„Се покажа дека е точно така. Тоа беше една од најтешките работи што сум ги направила“.

По децении во забавната индустрија и освојувањето „Оскар“ за филмот Monster's Ball во 2001 година, Бери нагласи дека луѓето често се изненадени што таа сè уште смета оти тешко се снаоѓа во забавната индустрија.

„Како црнкинка, борбата е вистинска“, додаде таа. „Сè уште е реално. Никогаш не ми е дадено ништо лесно во целата моја кариера и сè уште треба да се борам за многу работи. И иако понекогаш посакувам да не морам, благодарна сум што можам“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.