Кевин Спејси ќе мора да плати милионска отштета поради недолично однесување на сет

Кевин Спејси и неговите продукциски куќи мора да му платат на студиото што ја направи серијата „Куќа од карти“ повеќе од 30 милиони долари поради загубите предизвикани од неговото отпуштање што следуваа по наводите за сексуално вознемирување и недолично однесување, според арбитражната одлука донесена во понеделникот.

Во документот поднесен во судот во Лос Анџелес, а со кој се бара одобрување на пресудата, наведено е дека арбитрите откриле оти Спејси го прекршил договорот за професионално однесување. Имено, тој недолично се однесувал кон неколку членови на екипата во секоја од петте сезони на „Куќа од карти“, во кои тој глумеше и беше извршен продуцент.

 

 

„MRC, студиото зад House of Cards, мораше да го отпушти Спејси, да ја запре продукцијата на шестата сезона на серијата, да ја преработи за да го отстрани централниот лик на Спејси и да ја скрати од 13 на осум епизоди за да ги исполни роковите, што резултире со десетици милиони загуба“, се наведува во документот.

„Безбедноста на нашите вработени, сетовите и работната средина е од огромно значење за MRC и причина да се залагаме за одговорност“, се вели во соопштението на студиото МРЦ.

Aдвокатите на студиото поднесоа судска претставка за потврда на обесштетувањето како резултат на обвинувањата изнесени против него.

Спејси (62) се соочи со неколку обвинувања за сексуален напад од 2017 година. Тој ги негира ваквите наводи.

Актерот ја загуби својата главна улога како политичар во „Куќа од карти“ по обвинувањето за создавање токсична работна средина на сетот со наводни груби коментари и допирање млади вработени без нивна согласност.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.