Џ.К. Роулинг тврди дека некој ја објавил нејзината адреса на Твитер

Џ.К. Роулинг тврди дека три лица ја споделиле нејзината адреса на интернет.

Авторката на „Хари Потер“ го обвини триото за „доксинг“ - јавно откривање на приватни лични информации, откако минатата недела откри дека адресата на нејзиното семејство била објавена на социјалните мрежи.

 

 

Но, писателката вели дека не е заплашена од таквиот потег бидејќи таа добивала толку многу смртни закани што би можела да ја „наполни куќата со нив“.

Во серија твитови, Роулинг - која претходно беше критикувана од некои во транс заедницата откако ги вознемири со фразата „луѓе кои имаат менструација“ - напиша: „Минатиот петок, адресата на моето семејство беше објавена на Твитер од тројца актери активисти кои се фотографираа себеси пред нашата куќа, и внимателно се позиционираа за да бидат сигурни дека нашата адреса е видлива.“

„Сакам да им изразам огромна благодарност на сите што ја пријавија фотографијата на Twitter Support. Вашата добрина и пристојност направија разлика кај моето семејство и кај мене. Исто така, би сакала да се заблагодарам на Police Scotland за нивната поддршка и помош во овој случај.“

„Ги замолувам луѓето кои ја ретвитнаа фотографијата со адресата што и понатаму е видлива, дури и ако го направиле тоа во знак на осуда на постапката на овие луѓе, да ја избришат.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.