Алек Болдвин: Kоментарите на Џорџ Клуни воопшто не помогнаа

Алек Болдвин вели дека изјавите на некои актери во врска со безбедносните протоколи на филмски сетови не помогнале во последиците од фаталното пукање што се случи за време на снимањето на Rust во Ново Мексико.

Во првото интервју по кобниот инцидентот, Алек Болдвин (63) му кажа на Џорџ Стефанопулос од „Еј-би-си њуз“ дека не ги цени коментарите од некои актери по трагедијата.

 

 

„Како реагирате на актерите како Џорџ Клуни кои велат дека секој пат кога им даваат пиштол, тие самите го проверуваат?“, го праша водителот.

„Имаше многу луѓе кои сметаа дека е потребно да дадат некој коментар за ситуацијата, што навистина не помогна,“одговори Болдвин. „Воопшто."

Клуни претходно зборуваше против фаталното застрелување на снимателката Халина Хачинс од страна на Алек Болдвин на сетот на вестернот, што беше оценето како несреќа бидејќи на Болдвин му бил даден наполнет пиштол.

„Зошто за овој нискобуџетен филм, со продуценти кои не продуцирале ништо, не бил ангажирал оружар со искуство. Секогаш кога користам пиштол, го гледам, го отварам, го покажувам на лицето кон кое го вперувам, му го покажувам на тимот и му го враќам назад на оружарот кога ќе завршиме, и ова го правиме повторно, " рече Клуни.

Болдвин му возврати на Клуни: „Добро за тебе“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.