Канје Вест е со Џулија Фокс за да ја испровоцира Ким, тврди извор
- Детали
- Категорија: ШоуБиз
- Создадено: 10 Јануари 2022
Канје Вест, наводно, започнал врска со Џулија Фокс „за да ѝ влезе под кожа на Ким Кардашијан, објавија таблоидите, цитирајќи инсајдер.
44-годишниот рапер неодамна почна да излегува со актерката Џулија (31), но според инсајдерот, Канје едноставно се обидува да ја испровоцира својата отуѓена сопруга.
„Тоа е очајна игра за внимание. Нема друго објаснување кога тој избира и решава со кого да излезе во јавност,“ објасни изворот.
Познато е дека контроверзниот рапер сè уште не може да ја преболи Ким (41) - која има четири деца со него – и не може да се совземе откако таа започна романса со комичарот Пит Дејвидсон.
Друг извор за весникот „Њујорк пост“изјави: „Тој јавно се бори за враќање на своето семејство, а при тоа се поврзува со сите овие различни девојки. Тоа е многу чудно“.
Во меѓувреме, пријателите на Ким мислат дека Пит е „токму она што и требаше“ по разделбата со Канје.
„Крајот на бракот беше многу мрачен период за неа и Пит е најдобриот противотров“.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс