„Беше како светилник“ – ќерката на Сидни Поатје со емотивна порака се прости од својот татко

Ќерката на Сидни Поатје, кој почина минатата недела на 94-годишна возраст, му оддаде почест на својот татко во долга и емотивна порака на Инстаграм.

Нејзината почест следи по оние упатени од низа познати личности, вклучително и поранешниот претседател Барак Обама, познатата водителка Опра Винфри и актерката Виола Дејвис.

 

Светските медиуми, пренесувајќи ја пораката на ќерката Идни, потсетуват дека холивудска икона, врвен актер, хуманитарец и дипломат беше првиот афроамериканец кој доби „Оскар“ за најдобар актер.

Идни Поатје ја пофали „силата на карактерот и моралната цврстина“ на својот покоен татко.

„Но, она што навистина сакам луѓето да го знаат е колку беше ДОБАР“, напиша таа.

„За ова нема зборови. Нема вистински начин да се подготвите за ова. Нема доволно убава проза, нема доволно елоквентен говор за да ја долови суштината на мојот татко.“

„Знаеме дека неговите достигнувања се многу и дека тој буквално го промени пејзажот за сите што дојдоа по него.“

„Тој проби патека низ груб и непријателски терен за да можат оние што доаѓаат зад него да имаат поголема леснотија на патувањето. Така, луѓето што тврдеа дека оваа планина е нивна и само нивна, ќе знаат дека и ние припаѓаме таму. Дека тоа навистина е и наша планина. Дека доаѓаме и дека остануваме.“

„Мојтата тага е затоа што го изгубив татко ми, но и затоа што светот изгуби толку многу добрина,“ пишува Идни.

„Тој беше како светилник, топол и светол. Без обзир на бурите што бучеа околу него, тој стоеше непоколеблив блескајќи во неговата светлина. Ние кои пливавме наоколу во темните води секогаш можевме да се ориентираме кон него и да допливаме до брегот.“





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.