„Куќата Гучи“ и Лејди Гага предводат во номинации за САГ-награди

Драмата од високата мода „Куќата Гучи“ ги предводеше номинациите во средата за холивудските Screen Actors Guild Awards - награди на Здружението на актери, за главната награда за најдобра актерска екипа и за изведби на ѕвездите Лејди Гага и Џаред Лето.

Наградите, за кои гласаат членовите на актерскиот синдикат САГ-АФТРА, внимателно се следат како индикатори за тоа кои филмови ќе поминат добро на церемонијата на „Оскарите“ во март. Актерите ја сочинуваат најголемата група која ќе гласа за престижните „Оскари“.

 

 

Вестернот „Моќта на кучето“ (The Power of the Dog) исто така доби три номинации за актерите Бенедикт Камбербач, Кирстен Данст и Коди Смит Мекфи. Но, беше исклучен од кандидатите кои се натпреваруваа за најдобра актерска екипа, исто како и римејкот на мјузиклот „Прикзна од западната страна“ (West Side Story) на Стивен Спилберг.

Филмовите кои ќе го предизвикаат „Гучи“ за најдобар актерски тим се „Белфаст“ – сторија за семејство кое живее среде конфликтот во Северна Ирска во доцните 1960-ти, „КОДА“ - приказна за заедницата на глуви, „Крал Ричард“ – биографски филм за таткото на тениските ѕвезди Венус и Серена Вилијамс, и „Не гледај нагоре“ – црна комедија, алегорија на климатските промени.

Во „Гучи“, Гага ја портретира Патриција Реџани, амбициозна аутсајдерка која се мажи за наследникот на модната династија и потоа го нарачува неговото убиство.

Адам Драјвер, во филмот Маурицио Гучи, е еден од главните протагонисти во крими-драмата. Џаред Лето го портретира несфатениот дизајнер Паоло Гучи.

Планирано е САГ-наградите да бидат доделени на церемонија што ќе ја пренесува телевизија во живо на 27 февруари, еден месец пред „Оскарите“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.