Џејсон Момоа и Лиза Бонет решија да се разделат

По цели 16 години поминати заедно, од кои четири во брак, актерот од „Аквамен“ Џејсон Момоа и ѕвездата на „Козби шоу“ Лиза Бонет решија да се разделат.

Еден од најинтересните холивудски парови ја соопшти разделбата во заедничка изјава споделена на Инстаграм-страницата на Џејсон.

 

 

Џејсон и Лиза, кои заедно ја имаат ќерката Лола (14) и синот Накоа-Вулф (13), се венчаа во 2017 година откако беа заедно повеќе од 10 години, а сега објаснуваат дека иако се разделуваат во екот на пандемијата, љубовта меѓу нив продолжува и тие сакаат да дадат пример за своите деца ослободувајќи се еден со друг.

„Сите ние го почувствувавме притисокот и промените на овие трансформациски времиња... Во тек е револуција и нашето семејство не е исклучок... и тоа ги чувстува сеизмичките промени што се случуваат. И така ја споделуваме нашата семејна вест дека се разделуваме,“стои во објавата на социјалната мрежа.

„Ова го споделуваме не затоа што мислиме дека е вредно за вест. Кога веќе сме решиле да тргнеме по свој пат во нашите животи, сакаме да го направиме тоа достоинствено и чесно.“

„Љубовта меѓу нас продолжува. Се ослободуваме еден со друг - за да бидеме она што учиме да бидеме“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.