Кијану Ривс и Алекс Винтер во нова авантура - возење со мотоцикли

Актерите Кијану Ривс и Алекс Винтер, познати и како Бил и Тед во легендарната комедија Bill & Ted’s Excellent Adventure од 1989 година, повторно се здружија во нова авантура, но овој пат, во реалниот живот.

Двјцата долгогодишни пријатели во средата тргнаа на дневна тура со своите мотори и планираат да возат низ крајбрежјето на Калифорнија.

 

Тие беа забалежани како купуваат кафе од кафуле во Малибу пред да започнат со возење преку нерамното калифорниско крајбрежје.

Кијану (57) носи црна јакна преку темни фармерки и изгребани кафени чизми додека се качува на својот мотоцикл пред дневното патување.

Инаку, актерското дуо го имаше своето последно појавување како Бил и Тед на филмското платно во 2020 година, со третото продолжение на комедијата научна фантастика, со наслов Bill & Ted Face the Music.

Тие беа главни протагонисти во три филма од серијалот – „Одличната авантура на Бил и Тед (1989), „Лажното патување на Бил и Тед (1991) и „Бил и Тед се соочуваат со музиката“ (2020) - со Алекс како Бил, а Кијану како Тед.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.