Бебето од корицата на албумот на „Нирвана“ повторно го тужи бендот

Човекот прикажан како голо бебе на албумот на „Нирвана“ од 1991 година, Nevermind, ја обнови тужбата против бендот, обвинувајќи го за сексуално искористување откако американски судија претходно го отфрли случајот.

Спенсер Елден, тужителот, во изменетата жалба поднесена во средата во судот во Лос Анџелес тврди дека „ласцивната природа на неговиот имиџ“ е еднаква на „детска порнографија“ што му помогнала на бендот да собере десетици милиони долари на негова сметка.

 

 

Тапанарот на „Нирвана“ Дејв Грол и басистот Крист Новоселиќ, Кортни Лав - вдовицата на пејачот на бендот Курт Кобејн, неколку издавачки куќи, како и фотографот Кирк Ведл се меѓу 10. обвинети од страна на Елден. Тој бара најмалку 150.000 долари од секој.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.