Луси Хејл отстранила седум тетоважи

Актерката од попуlарната тинејџерска серија „Убави мали лажливки“ (Pretty Little Liars), Луси Хејл, минатото лето навести дека планира да се ослободи од тетоважата сонце што ја има заедно со својата сестра Меги, а сега откри дека таа не е единствeната од која решила да се ослободи.

Во разговор со списанието „Ју-ес викли“ за колумната „25 работи што не сте ги знаеле за мене“, Луси рече: „Во моментов имам 10 тетоважи. Порано имав 17, но ми беа отстранети седум“.

 

 

Покрај уметноста на телото, 32-годишната ѕвезда се отвори и за своите навики за исхрана, истакнувајќи дека повеќе сака да нарача нешто наместо сама да готви.

„Мојата кујна сум ја користела само неколку пати. Виновна сум за нарачки на храна цело време“, се пошегува таа.

Луси призна дека сака нездрава храна и е голем обожавател на помфрит со прелив од мајонез. „Моите пријатели ме критикуваат дека секој ден имам некоја верзија на истата закуска.“

„Секој ден јадам путер од бадем со банана. Тоа е една од моите омилени закуски“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.