Мартин Фримен: Беше чудно да се снима „Црниот пантер 2“ без покојниот Чедвик

Мартин Фримен откри дека било многу чудно и тажно во текот на снимањето на „Црниот пантер“ (Black Panther) без покојниот Чедвик Босман.

50-годишниот актер ја репризира улогата на Еверет К. Рос во вториот дел од суперхеројскиот блокбастер на „Марвел студиос“, и зборуваше за тоа како работите се промениле по смртта на главниот протагонист Чедвик, кој почина во 2020 година по тајна битка со рак на дебелото црево.

„Од една страна, имаше голем број луѓе на снимањето, цели тимови што се приклучија за да го направат филмот. Но, во исто време, нема сомнение дека во срцето на сето тоа, има голема празнина, и вие тоа го чувствувате“, рече Фримен во интервју за „Колидер“.

„Со целосна почит кон режисерот Рајан Куглер и сите други, кои напорно работеа за да биде сè како што треба, снимањето беше навистина забавно. Ми се допаѓа да го глумам Еверет Рос. Тој е многу забавен лик, симпатичен за приказната.“

„Но, беше чудно. Се разбира, беше чудно што Чедвик не е таму. Нема начин да се заобиколи тоа. Мислам дека на сите им беше прилично чудно и тажно, но во исто време, сите сме свесни дека животот продолжува.“





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.