Пит Дејвидсон заминува од „Сатрдеј најт лајф“

Комичарот Пит Дејвидсон потврди дека го напушта маратонското хумористично шоу Saturday Night Live (SNL) по осум сезони.

„Денес е моето последно појавување,“ напиша Дејвидсон на Инстаграм пред финалето на сезоната 46 во саботата.

Дејвидсон нема свој профил на Инстаграм, но соопшението го објави преку Дејв Сајрус, кој пишува за Saturday Night Live. Пораката беше придружена со видео на кое Дејвидсон го гушка Џерод Кармајкл.

„Кога влегов во шоуто имав 20 години и немав поим што правам,“ пишува тој. „Сè уште немам, но особено тогаш. Јас не бев вистински скеч-изведувач, бев само стенд-ап.“

28-годишниот комичар, кој е во врска со релити-ѕвездата Ким Кардашијан, ѝ се придружи на актерската екипа на популарното саботно шоу на „Ен-би-си“во 2014 година, со што стана еден од најмладите членови на екипата во историјата на „СНЛ“.

Комичарот и актерот потенцира дека „СНЛ“ има најголема заслуга за неговата кариера.

Според „Вараети“, тој излегува од шоуто заедно со Кејт Мекинон, Ејди Брајант и Кајл Муни по епизодата што се емитуваше во саботата (21 мај).

Претставниците на „СНЛ“ и „Ен-би-си“ не одговориле на барањето на медиумот за коментар, но уште минатата година Пит објасни дека и самиот не верува колку долго останал по завршувањето на сезоната 46. Тогаш тој рече: „Изненаден сум што стигнав до седум сезони, подготвен сум да го закачам дресот.“

Пит, Кејт, Ејди и Кајл најверојатно ќе се појават последен пат на финалето на 47. сезона, во која гостин-водител е поп-ѕвездата Селена Гомез.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.