Одложен концертот на „Дајте музика“

Поради лошите временски услови кои се најавени за овој викенд, а кои ќе бидат проследени со дожд и грмотевици, концертот на „Дајте музика“ ќе се одржи на новиот датум - 18  јуни, во сабота, на истата локација- стадион на АРМ во Скопје!

„ Безбедноста нам ни е многу важна, особено кога станува збор за најмладата популација и затоа се одлучивме концертот да го презакажеме за 18 јуни, а да се одржи на истата бина и со истата продукција (звук, светло, лед-екрани) од шоуто на TIËSTO. Со тоа, концертот на нашите и ваши омилени „старомаалци” ќе биде уште поспектакуларен!

Сите што имаат набавено влезници за настанот имаат можност да ги зачуваат бидејќи ќе им бидат важечки за новиот датум, 18 јуни или доколку сакаат рефундација истото тоа може да го сторат од продажното место од каде имаат купено влезници во период од (26.05 до 02.06).

Оние што сèуште немаат набавено влезници, тоа може да го направат на сите продажни места во мрежата на Авалон низ Македонија или онлајн на avalon.mk“ велат организаторите на настанот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.