Астрономите открија необично голема и светла црна дупка

Астрономите ја открија најбрзо растечката црна дупка со маса еквивалентна на масата на три милијарди сонца, која троши еквивалент на една Земја секоја секунда и сјае 7.000 пати посилно од нашата галаксија, објави Австралискиот национален универзитет (АНУ).

„Астрономите ловат вакви објекти повеќе од 50 години. Тие пронајдоа илјадници бледи, но овој зачудувачки светол објект се провлекол незабележано“, рече главниот истражувач на АНУ, Кристофер Онкен, нарекувајќи го „многу голема, неочекувана игла во стог сено“.

„Сега сакаме да знаеме зошто оваа црна дупка е поинаква - дали се случило нешто катастрофално? Можеби две големи галаксии се урнале една во друга, насочувајќи многу материјал во црната дупка за да ја нахранат“, рече Онкен.

Коавторот Кристијан Волф ја нарече рекордната црна дупка „извонредна“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.