Бијонсе ги изненади фановите со најавата за нов албум

Бијонсе Ноулс-Картер ги изненади фановите во средата навечер со откривање на насловот и датумот на издавање на нејзиниот седми студиски албум.

Таа откри дека новиот албум „Ренесанса“ ќе излезе на 29 јули, а фановите здивеа.

Аренби дивата (40) - која може да се пофали со 348,5 милиони следачи на социјалните мрежи - ја смени биографијата на своите профили на Инстаграм и на Твитер, и сега таа гласи: Act i RENAISSANCE 7.29.

Претстојниот е прв албум откако таа го објави Lemonade во 2016 година, а минатата година дури и го навести името на новиот албум.

Во едно интервју за „Харпер’с базар“, Бијонсе рече дека нејзиниот нов албум ќе претставува ренесанса, откако светот помина многу време во самоизолација.

„Со целата изолација и неправда во изминатата година, мислам дека сите сме подготвени да избегаме, да патуваме, да сакаме и повторно да се смееме,“ рече таа.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.