Откриена пасија на кралицата - сака да слуша џез, особено Дјук Елингтон

Кралицата Елизабета Втора е љубител на блуз и џез - а американската џез-легенда Дјук Елингтон се чини дека е на нејзината плејлиста.

Кралицата (96) го израдувала британскиот џез-музичар Гери Крозби со нејзиниот уникатен интерес за музичките жанрови, откри тој во емисија на „Би-Би-си радио два“ во понеделникот вечерта.

Крозби, исто така, му раскажуваше на водителот Метјус колку бил среќен кога во 2019 година добил Медал за музика од кралицата. Контрабасистот е првиот џез-свирач на кој му била доделена ваква награда и која му беше врачена лично од кралицата во Бакингемската палата.

Кога водителот го праша дали кралицата сака блуз, Крозби веднаш одговори: „Дјук Елингтон“.

„Кога дискутиравме за Елингтон, јас бев прилично изненаден од нејзиното уважување на музиката и инструментите, и за тоа како се засилени. Седев и се прашував дали е ова можно. Кралицата ми зборува за повторно засилување на акустичните гудачки инструменти“, рече британскиот џез-музичар за неговиот разговор со кралицата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.