(Видео) „Лоши сестри“ раскажува мрачна приказна преку комедија

Американската актерка, комичарка и режисерка Шерон Хорган изјави дека новата серија „Лоши сестри“ (Bad Sisters), трилер црна комедија, е прослава на семејните врски.

Сместена во Ирска, ТВ-серијата од 10 епизоди се фокусира на сестрите Гарви, тесно поврзана петорка која ги загубила своите родители на млада возраст.

Кога сопругот на една од сестрите ненадејно умира, агентите од осигурителна компанија го насочуваат погледот кон петте и откриваат дека секоја од нив има причина да сака да го убие нељубезниот и насилен Џон Пол, кого го глуми Клес Бенг.

„Станува збор за четири сестри кои се обидуваат да ја спасат својата петта сестра од монструозна врска. Многу смешки се случуваат во меѓувреме, но навистина се работи за љубовта и семејството“, изјави Хорган за „Ројтерс“ во пресрет на дебито на серијата.

Bad Sisters ќе почне да се стримува на „Епл ТВ плус“ на 19 август.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.