Почина Ајрин Кара, пејачката на хитовите од „Flashdance“, „What A Feeling“ и „Fame“

Ајрин Кара, најпозната по тоа што ги пееше насловните песни на филмовите „Fame“ и „Flashdance“ од 80-тите, почина на 63-годишна возраст.

Веста ја потврди нејзината публицистка Џудит А. Мус на Твитер, која откри дека Кара починала во својот дом на Флорида. Причината за смртта засега не е позната.

„Ова е апсолутно најлошиот дел за публицист. Не ми се верува дека морав да го напишам ова, а камоли да го објавам. Ве молиме споделете ги вашите спомени и сеќавања на Ајрин. Ќе ги прочитам сите и ќе знам дека Ајрин се насмевнува од рајот. Таа ги обожаваше своите фанови“.

Кара првпат стана позната кога доби улога во мјузиклот „Fame“ во 1980 година. Откако првично беше избрана за танчерка, за неа беше напишана улогата на Коко Хернандез и таа имаше задача да ја пее насловната песна.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.