
Морено во Комо, клубот преговара со Марсијал
- Детали
- Категорија: Спорт
- Создадено: 12 Јули 2024

Новиот член на италијанската Серија А, тимот на Комо, сериозно ја сфати улогата на прволигаш и врз основа на тоа гради тим за следната сезона. Очигледно во него ќе биде и Алберто Морено.
На искусниот шпански дефанзивец му истече договорот со Виљареал и ќе може слободно да избере нова средина. Морено има богато искуство во кариерата, долги години беше играч на Ливерпул, Комо не планира да застане тука. Клупскитре челници стапиле во контакт со Антони Марсијал, но се уште е далеку од договор. Инаку блиску до договор со Коме е Рафаел Варан.
Во наредните денови се очекува официјализирање на соработката, а по Морено, Варан би бил многу важно засилување за Комо.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
