Џенова и Јувентус ќе играат пред празни трибини

Утрешниот натпревар меѓу Џенова и Јувентус, на „Луиџи Ферарис“ стадионот ќе се одигра без присуство на публика. Натпреварот од шестото коло во Серија А ќе започне во 18 часот.

 

Џенова, пред два дена во 1/16 финалето на италијанскиот Куп играше против градскиот ривал Сампдорија. По 1:1 во 90 минути, Сампдорија победи по изведувањето на пенали.

 

Серизни инциденти се случија и на стадионот но и надвор од него. Во пресметките меѓу хулиганите беа повредени повеќе од 38 лица, меѓу кои и полицајци.

 

Фудбалската федерација на Италија експресно реагираше, ја казни Џенова, која ќе мора еден натпревар да одигра пред празни трибини.

 

Паоло Кортис, претседател на Националната опсерваторија за национални спортски настани, предупреди во интервју објавено во петокот дека мерките преземени против Џенова треба да „испратат сигнал“ до другите клубови и нивните навивачи.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.