All for Joomla All for Webmasters

Луис Хамилтон и Валтери Ботас обезбедија еден-два победа за Марсецес на трката за ГН на Шпанија

Формула 1

Луис Хамилтон и Валтери Ботас обезбедија еден-два победа за Марсецес на трката за ГН на Шпанија. Хамилтон доминираше на ГН на Шпанија, ја поведе трката од пол-позиција и не беше на чело на колоната само кога влезе во бокс да замени пневматици.

 

Второпласиран трката беше Ботас, додека трет беше Макс Верстапен од Ред Бул. Пилотот на Ферари, Себастијан Фетел ја освои четвртата позиција. Вториот болид на Ферари не ја заврши трката, откако Кими Раиконен заврши со дефект во боксот и не ја продолжи трката, додека Рикардо го освои петтото место.

 

Бодови освоија уште и Магнусен, Саинц, Алонсо, Перез и Леклерк. Хамилтон остана лидер и ја зголеми предноста пред Фетел на 18 бода. Хамилтон има 95, а Фетел 78. На третото место е Ботас со 58 бода. Кај конструкторите Мерцедес е лидер со 153 поени, пред Ферари со 126 и Ред Бул со 80 бода.

 

Следната трка ќе се вози на 27 мај низ улиците на Монте Карло за ГН на Монако.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени.