Леванте и го нанесе првиот пораз на Барселона во сезоната 2017/2018

Леванте - Барселона

Леванте и го нанесе првиот пораз на Барселона во сезоната 2017/2018. Во меч без резултатско значење во кој не учествуваше најдобриот играч на каталонците Лионел Меси, тимот од Валенсија со „хет-трик“ на Емануел Боатенг и два гола на македонскиот репрезентаивец Енис Барди забележа победа од 5:4 на домашен терен во претпоследното коло на шпанскиот шампионат.

 

Барди се запиша во листата на стрелците во второто полувреме при 3:1 во 46-та минута и при 5:1 десет минути подоцна. „Хет-трикот“ на Кутињо и голот од пенал на Суарез на 20 минути пред крајот не беа доволни за да може шампионот на Примера да извлече нешто од натпреварот. По мечот, македонскиот репрезентативец изјави дека негов сон бил да и даде гол на Барселона. Барди постигна дури два гола за Леванте и на клубот му донесе настап и следната сезона во Ла Лига. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.