Голден Стејт со 1-0 поведе против Хјустон во финалето на западот

НБА

Голден Стејт со 1-0 поведе против Хјустон во финалето на западот. Воините нагости славеа против ракетите со 119-106. Харден и покрај 41 поен не можеше да го избегне поразот на својот тим.

 

Натпреварот беше решен од поголемиот севкупен талент кој го поседува составот на Вориорс, и неефикасноста на некои од играчите на Рокетси. Кевин Дурент даде 37 поени, Клеј Томпсон 28, а Стеф Кари 18 поени, 6 скока и 8 асистенции.  Кај хјустон Крис Пол забележа 23 поени, 11 скока и 3 асистенции.

 

Вечерва на програмата е вториот натпревар од финалната серија на Истокот, каде Бостон Селтикс води против Кливленд Кавалирс со 1-0 и игра на домашен терен.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.