Хјустон израмни на 1-1 во победи против Голден Стејт во финалето на Западот во НБА лигата

НБА

Хјустон израмни на 1-1 во победи против Голден Стејт во финалето на Западот во НБА лигата. Хјустон со 22 разлика 127-105 славеше убедлива победа.

 

Домаќините во текот на целиот натпревар го контролираа резултатот и заслужено стигнаа до победата. Кевин Дурант даде 38 поени за воините, а кај Хјустон Гордон и Харден дадоа по 27 поени. Серијата сега се сели на теренот на Голден Стејт во Оукленд кој ќе биде домаќин на следните два натпревара закажани за 21 и 23 мај.

 

Вечерва се игра третиот дуел од источното финалето помеѓу Кливленд и Бостон. Селтикси имаат 2-0 по првите две средби.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.