All for Joomla All for Webmasters

Навивачко катче пред ракометниот дуел Македонија – Романија

"Биди најгласниот осми играч"

Компанијата „РЕХАУ“ како партнер на македонската ракометна репрезентација, во насока на подигнување на атмосферата пред бараж дуелот за пласман на СП Данска и Германија 2019, во Скопје организира навивачко катче во функција на подготовка на фановите и обезбедување максимална поддршка на нашите најдобри ракометари.

 

- Биди најгласниот осми играч. Заедно со РЕХАУ биди дел од навивачкото срце кое чука во 7/8.Нека продолжи приказната која оваа репрезентација една деценија во континуитет ја раскажува во Европа и светот.

 

Ве покануваме да го посетите нашето навивачко катче кое ќе биде поставено од 19.30 часот централно од главниот влез на ВИП Арената. Секој што ќе дојде ќе има можност на неговото лице да биде нацртано најубавото знаме на планетата, а ние за сите присутни ќе обезбедиме симболичен подарок, известуваат од „РЕХАУ“.

 

Бараж натпреварот за пласман на Светското првенство 2019 меѓу Македонија и Романија се игра вечер од 20:30 часот во СЦ „Борис Трајковски“.

 

Извор: МИА

   

Забрането е превземање или копирање на авторски содржини (текстови,фотографии,видеа) без претходна писмена согласнот од МТМ ТВ. Доколку сметате дека вашето авторско право е повредено, ве молиме контактирајте не на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
       

© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени.