Рафаел Надал по 11 пат стана шампион на тенискиот гренслем Роланд Гарос

Рафаел Надал

Рафаел Надал по 11 пат стана шампион на тенискиот гренслем Роланд Гарос. Во финалето на „Филип Шатрие“, светскиот рекет број еден го совлада Австриецот Доминик Тием со 3:0 во сетови 6:4, 6:3, 6:2 за 2 часа и 44 минути игра.

 

Шпанецот го продолжи низот на 16 победи по ред на „париската земја“ откако последен пат беше совладан во 2015 година во четвртфиналето од Србинот Новак Џоковиќ. Надал со победата на ланскиот „Ролан Гарос“ и „Ју Ес“ опен ја освои третата титула на последните пет гренслем турнири или 17 во кариерата од четирите големи турнири. Истовремено Надал е единствениот тенисер со 11 трофеи од турнири кои припаѓаат на три различни категории. Тој има 11 титули уште и во Барселона и во Монте Карло.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.