Себастијан Фетел победи на Ф1 трката за ГН на Канада

Себастијан Фетел

Себастијан Фетел победи на Ф1 трката за ГН на Канада. За германецот тоа беше јубилејна, 50-та победа во кариерата, со што дојде само на една од Ален Прост.

 

Фетел исто така се врати на лидерската позиција во генералниот пласман. Благодарение на тоа што Луис Хамилтон заврши само петти, Фетел со 121 бод има еден повеќе од актуелниот светски шампион. Зад Германецот од Ферари заврши вториот возач на Мерцедес, Валтери Ботас, а трет беше Макс Ферстапен од Ред Бул.

 

Хамилтон уште во 17 круг мораше да оди во боксот и со нешто полоша тактика од Ботас го загуби и четвртото место од кое стартуваше. Бодови уште освоија Кими Раиконен, Нико Хулкенберг, Карлос Саинц, Естебан Окон и Шарл Леклерк. Следната трка се вози на 24 јуни, во Франција.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.