All for Joomla All for Webmasters

Голден Стејт Вориорс ја одбранија титулата во НБА лигата

Голден Стејт Вориорс

Голден Стејт Вориорс ја одбранија титулата во НБА лигата. Воините со 4-0 го добија финалето против Кливленд и стигнаа до третата титула во последните четири години.

 

Голден Стејт во четврттиот меч нагости славеа убедлива победа од 108-85 и само ја потврдија доминацијата во лигата. Кливленд и Леброн Џејмс немаа сили да му се спротивстават на противникот. „Кралот“ веројатно го одигра последниот натпревар за Кливленд. Џејмс летово е слободен агент и сигурно нема да сака уште една сезона каде самиот ќе го носи товарот на целата екипа. Вориорс ја освоијата шестата титула во историјата на франшизата и станаа деветтиот тим во НБА историјата што до шампионскиот прстен стигнал без пораз. За Џејмс, ова беше шестти пораз во финалните натпревари, а четврти со Кливленд.

 

Исто како и лани МВП наградата во финалето, ја доби Кевин Дурент кој во четвртиот натпревар забележа „трипл-дабл’ 20 поени, 12 скока и 10 асистенции. Стеф Кари постигна 37 поени од кои 8 тројки. Кај Кливленд, Џејмс заврши со 23 поени, 7 скока и 8 асистенции, а 13 поени и 10 скока запиша Кевин Лав.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени.