Со натпреварот меѓу домаќинот Русија и Саудиска Арабија започнува 21-то СП 2018 во фудбал

СП 2018 во фудбал

Со натпреварот меѓу домаќинот Русија и Саудиска Арабија започнува 21-то СП 2018 во фудбал. Мечот ќе се игра на стадионот „Лужники“ во Москва, а претходно ќе биде церемонијата на свеченото отворање, на која главна ѕвезда ќе биде поп пејачот Роби Вилијамс.

 

Мундијалот ќе се игра на 12 стадиони во 11 градови, ќе настапат 32 репрезентации, а ќе трае до 15.јули. Селекциите се поделени во осум групи, а во нокаут фазата ќе се пласираат по две најдобри селекции од секоја група. Фазата по грипи ќе заврши на 28.јуни, а нокаут фазата ќе започне на 30.јуни.

 

Големото финале ќе се одигра во Москва на 15.јули. Титулата светски првак ја брани Германија. Освен Германија фаворити за титулата се уште и Бразил, Аргентина, Франција, Шпанија и Англија.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.