Со победа, Федерер ја започна сезоната на трева

Роџер Федерер

Со победа, Федерер ја започна сезоната на трева. Швајцарецот по пауза од три месеци стигна до победа на АТП 250 турнирот во Штутгарт. Федерер на стартот го елиминираше домашниот играч Мишa Зверев со 2:1 во сетови 3:6, 6:4, 6:2.

 

Неговата игра цело време осцилираше, но тоа е очекувано бидејќи не играше уште од турнирот во Мајами. Федерер успеа во игра да се врати во вториот сет и дојде до психолошка предност, што на крајот беше и клучно за прашањето на победникот. Швајцарецот во следната рунда ќе игра против Аргентинецот Пелa кој со 2-0 го победи Индиецот Ганесваран.

 

Во следното коло се пласираа и Фелисијано Лопез, Киргиос, Пер, Раониќ, Пуиле. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.