Бабунски пред утрешниот меч на Вардар со Пјуник

Тренерот на ФК Вардар, Бобан Бабунски на прес-конференција пред гостувањето на Пјуник како дел од квалификациите за Лигата на Европа, го анализираше утрешниот противник и соопшти дека „црвено-црните“ ги очекува тежок натпревар.

- Пјуник на секоја позиција поседува квалитетни играчи и имаат искусни фудбалери кои играле многу вакви натпревари. Влегуваме со максимален респект кон нашиот противник, но ние ќе ја форсираме нашата офанзивна игра, изјави Бабунски денеска на стадионот „Вазген Саргсјан“ во Ереван. 
 
Тренерот на скопскиот тим е задоволен од подготовките и од новите играчи. Тој изрази надеж дека вардарци ќе го повторат ланскиот успех во второто по важност европско клупско натпреварување. Офанзивниот фудбалер на Вардар, Тигран Барсегјан, кој е добро познат на ерменската јавност со настапите во националниот тим, додаде дека тимот ќе даде се од себе за да забележи победа.
 
 




Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.