Ова се најдобрите мотивациски филмови кои ќе ги размрдаат и најмрзливите (видео)

Ова се веројатно најдобрите 10 холивудски остварувања во кои главна улога имаат мускулите и физичката издржливост и ја подигнуваат мотивацијата до максимум.

 

10 наслови по кои во вас се буди желбата веднаш да отпочнете со вежбање.

 

1. БЕСНИОТ БИК

Ова филмско ремек дело на Скоркезе е инспирирано од животот на боксерот Џејк Лемот, кој го овековечи Роберт де Ниро. Популарниот актер со оваа улога докажа дека може да одигра и улоги кои бараат одлична физичка подготвеност и кондиција.

 

2. БОРЕЧКИ КЛУБ

Бред Пит никогаш немал проблем да се здобие со наклоност на женската публика, но за машката публика тој беше само едно слабо плавокосо момче. По улогата на радикален анархист со извајани стомачни мускули Тајлер Дарден, тој ја придоби машката публика и освои сјајни критики од врвни филмски стручњаци.

 

3. 300 (триста)

Најновите акциони филмови со моќни компјутерски анимации не останаа имуни на главните јунаци со импозантна форма. Таков е случајот и со Џерард Батлер кој во епскиот филм одигра улога на водач на мала, но многу храбра група на спартански војници. Трите месеци напорно вежбање се исплатеа. Сцените со масовни борби и ден денес се паметат, како и познатата реченица од филмот: “ Ова е Спарта “.

 

4. СЕРИЈАЛОТ ЗА РАМБО

Во првиот филм од серијалот Рамбо, Силвестер Сталоне докажа дека не е премногу паметно да ги провоцираш припадниците на специјалната едниница. Во второто продолжение тој заминува во пеколната авганистанска војна, додека во последното продолжение од 2008 год. тој им докажа на сите дека е можно да се има толку многу мускули и во седмата деценија од животот.

 

5. СЕКОЈА БОЖЈА НЕДЕЛА

Овој филм кој изобилува со поранешни НФЛ звезди како Терел Овенс, Џим Браун и Борен Мун, пред се остана запаметен по маестралните улоги на Џејми Фокс кој го игра зборливиот квотербек, кој сонува да биде врвен спортист и Ал Пачино во улога на искусен тренер, кој ќе му го промени животот на младата ѕвезда.

 

6. ТРАНСПОРТ НА ЖЕЛЕЗО

Документарен филм во кој се прикажани секојдневните обвски за “ железниoт “ Арнолд Шварценегер, вкучувајки ги и неговите напорни подготовки за претстојните бодибилдинг натпревари. Голем број на мажи ширум светот инспирирани од филмот веднаш отпочнаа со тренинзи, меѓу кои и денес актуелни бодибилдинг шампиони.

 

7. СЕРИЈАЛОТ ЗА РОКИ

Инспиративната филмска приказна за боксер аутсајдер кој се издига на врвот, стана симбол за успех кој доаѓа како резултат на голема посветеност и тренинг. Роки, боксерот кој станува во рани мугри, пие живи јајца, прави склекови со една рака, и боксува 1000 рунди стана вистински хит. Сјајните сцени со борби во комбинација со легендарните музички теми, го направија овој филм класика на сите времиња.

 

8. КРВАВ СПОРТ

Пред ММА борбите постоел “ крвавиот спорт “ . Со овој филм од 1988 година Жан Клод Ван Дам стекна светска слава. Благодарение на таа популарност тој продолжи да снима филмови со слична тематика.

 

9. ВО ГНЕЗДОТО НА ЗМЕЈОТ

Без дилема ова е најдобриот филм во кратката кариера на Брус Ли. Легендарните сцени со борби, врвното познавање на боречките вештини и извонредната форма го направија овој филм незаборавен во светот на седмата уметност.

 

10. ХЕРКУЛЕС

Овој филм кој датира од 1958 година се смета за првенец т.е. филм во кој прв пат главни улоги одиграле професионални бодибилдери. Улогата на Херкулес му припадна на Стив Ривс, американскиот пионер во бодибилдингот. Постигнатиот успех на филмот, наметна тренд кој продолжи и опстојува и до ден денешен.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.