Трајковски продолжи да ги тресе противничките мрежи, му се придружи и Несторовски

Македонските фудбалски репрезентативци Александар Трајковски и Илија Несторовски имаа значаен придонес во најновиот триумф на Палермо. Тимот од Сицилија попладнево во 4.коло од Серија Б  ја победи Перуџа со 4:1.

Трајковски најпрво му асистираше на Белуши во 14.минута, а потоа постигна гол во 58.минута. Ова за него е втор погодок во новата сезона.

Својот првенец го забележа Илија Несторовски кој во листата на стрелците се запиша во 18.минута, а 50 минути подоцна (68.минута) од пенал го постигна својот втор гол на натпреварот.

 

Со новите три бода Палермо се искачи на 3. место на табелата со две победи и два нерешени исхода.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.