Перез категорично против играње натпревари во САД

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез остро се противи на плановите за играње натпревари од Шпанското фудбалско првенство на територијата на САД.

- Ние нема да одиме во САД. Не знам кои интереси ги штитат од Лигата, но тоа сигурно не се интересите на клубовите и на навивачите. Затоа ние цврсто одбиваме да бидеме дел од ова, рече Перез.

Како што е познато, Шпанската фудбалска лига се обидува да организира неколку натпревари преку Океанот за да го промовира шпанскиот фудбал во Америка.

Првиот избран натпревар е помеѓу Џирона и Барселона во јануари. Средбата е предвидена да се игра во Мајами.

Секој ден, шансите за спроведување на проектот се намалуваат. Во петокот, Шпанската фудбалска федерација, исто така се произнесе дека нема да даде дозвола. Ниту од УЕФА и од ФИФА, не гледаат позитивно на овој проект.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.