Асенсио: Не ми беше понудена „седумката" на Роналдо

Еден од најталентираните фудбалери на Реал Мадрид, Марко Асенсио, се огласи околу шпекулациите дека на сакал да го наследи дресот со број седум кој во минатото го носеше Кристијано Роналдо.

- Не е точно дека не сум сакал да ја земам седумката. Никој не ми ја понуди. Воопшто по тоа прашање немав можност да се произнесам. Мој омилен број е десет. Сега тој му припаѓа на Лука Модриќ, што значи е во добри раце. Сепак, можеби во иднина ќе го добијам јас, изјави Асенсио.

22-годишниот Шпанец вчера беше стрелец на единствениот гол на дуелот со Еспањол, по што Реал барем привремено изби на врвот на табелата во Ла Лига.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.