Обрадовиќ: На кошаркарите треба да им е чест да играат за своите репрезентации

Трофејниот српски кошаркарски тренер Жељко Обрадовиќ изјави дека на секој играч треба да му е чест да настапува за својата земја, а не тоа да го сфаќа како товар.

- Секогаш ги мотивирам играчите да ги прифатат репрезентативните повици. Секако тоа треба да биде во вистинско време. ФИБА прозорците во августовските и септемвриските квалификации тоа не го дозволуваа, рече Обрадовиќ во изјава за хрватските медиуми.

Тој смета дека не е нормално репрезентациите да играат квалификации без своите најдобри.

- Клубовите не можат и не смеат да им забранат на играчите да настапуваат за националните тимови. Тие сами одлучуваат, на за да не доаѓа до такво нешто треба да се усогласат термините имајќи ги во предвид распоредите и во Евролигата и НБА сезоната. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.