Европа го освои „Лејвер купот 2018" (видео)

Селекцијата составена од европски тенисери го освои трофејот во „Лејвер купот“, откако го победи тимот на Светот со 13:8.

 

Предноста од пет победи е недостижна па затоа мечевите предвидени за денеска се откажани.

 

„Лејвер куп“ е ревијално натпреварување на кое настапуваа голем број тениски ѕвезди. Во Чикаго се појавија Роџер Федерер, Новак Ѓоковиќ, Кевин Андерсон, Џон изнер, Давид Гофан, Александар Зверев,...

 

- Сакам да оддадам признание на сите играчи кои настапија на ова натпреварување. Ми беше задоволство да сум дел од овој настан, изјави Ѓоковиќ.

 

Покрај него за тимот на Европа играа и: Федерер, Гофан, Григор Димитров, кајл Едмунд и Жереми Шарди.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.