Жардим: Секогаш правев се што е во моја моќ за доброто на Монако

Португалскиот експерт Леонардо Жардим даде свое видување за денешниот отказ од раководството на Монако.

- Благодарен сум и горд што можев да го тренирам Монако изминатите четири години. Јас секогаш правев се што можев и работев со ентузијазам. Заедно освоивме големи победи, овие спомени ќе останат со мене засекогаш, изјави Жардим.

Сега веќе поранешниот тренер на тимот од Кнежеството му посака среќа на Монако во продолжение на сезоната која на почна најдобро под негово водство.

Монако по девет рунди се наоѓа на 18.место во Лига 1 со само шест освоени од можните 27 бода.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.