ПСЖ и Црвена Ѕвезда пред суспензија од Лигата на шампионите!

Веќе на големо се зборува во цел свет дека мечот помеѓу ПСЖ и Црвена Ѕвезда бил наместен, а истиот заврши со високи 6:1 за парискиот тим.

 

Главниот сомнеж е тоа што еден важен функционер на српскиот тим сакал да уплати 5000 евра на тим дека „црвено-белите“ ќе примат најмалку пет голови во Париз.

 

Првите луѓе на УЕФА стапиле во контакт со француските служби за комплетно расчистување на случајот, а спорниот момент се три постигнати голови во 22, 37 и 70 минута. 

 

Во сите овие ситуации одбраната на Ѕвезда делува премногу пасивно, па од УЕФА се разгледува дали можеби и дел од играчите имале некаква вмешаност во овој нерасветлен случај.

 

И двата клуба се оградуваат од било каква вмешаност во можен скандал.

 

Кои се причините, погледнете ТУКА

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.