Ангеловски: Индивидуалните грешки беа решавачки

Селекторот на Македонија, Игор Ангеловски по вечерашниот пораз од Ерменија со 4:0 во Лигата на нациите изјави дека индивидуалните грешки на нашите фудбалери се причина за тешкиот пораз.

Тој не се согласи со констатацијата на многумина дека грешките на голманот Столе Димитриевски се причината за конечниот резултат.

 
- Знаев дека Ерменија е силна репрезентација, ова не беше големо изненадување. Мечот не го загубивме поради тактиката, туку поради индивидуални грешки. Но таков е фудбалот. Столе (Димитриевски) не е виновен. Јас го бирам тимот, нема потреба да се обинуваат фудбалерите, изјави Ангеловски.
 
Тој сепак додаде дека претстојат уште два меча во кои „жолто-црвените“ треба да се подготват добро и да остварат победа.
 
- Ерменија победи, но и понатаму сме во игра. Ќе се обидеме да славиме на следните два натпревари, додаде Ангеловски.




Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.