Отворена новата 73-та НБА сезона (видео)

Со натпреварот Бостон-Филаделфија кој заврши со победа на домашната екипа, ноќеска беше отворена сезоната 2018/19 во најсилната светската кошаркарска лига.

 

До триумфот со 105:87 Бостон беше предводен од Џејсон Тејтум со 23 поени, девет скока и три асистенции и Маркус Морис кој оствари дабл-дабл ефект – 16 поени и 10 скокови.

 

Кај гостите од Пенсилванија се истакнаа Џоел Ембид со 23 поени и 10 скока и Бен Симонс со 19 поени и 15 скока.

 

На другиот натпревар од првиот НБА-лигашки ден во новото првенство, шампионот Голден Стејт ја совлада Оклахома Сити со 108:100.

 

Вечерва во 01 часот по полноќ почнува богатата НБА вечер која ќе понуди 11 натпревари.

 

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.