Нерешено за двете македонски екипи во петтата рунда на шаховската Лига на шампиони

Македонските претставници на Европскиот клупски куп во шах, Алкалоид и Гамбите Асеко одиграа 3:3 во петтата рунда.

 

Алкалоид за противник го имаше италијански Обиетиво Рисарцименто. Желбата на „фармацевтите“ да им се реваншираат на противниците за поразот во Скопје, во целост не им успеа.

 

Можеби причината треба да се бара во заморот на шахистите од Алкалоид кои во изминатите четири кола го дадоа својот максимум и ги добија сите натпревари.

 

Според моменталната ситуација на табелата Алкалоид и натаму има големи шанси за висок пласман. И втората македонска екипа Гамбит Асеко СЕЕ својата средба ја заврши нерешено 3:3 против екипата БСГ, што претставува добар успех.

 

Во претпоследното коло Алкалоид се среќава со норвешката екипа Валеренга, за која на првата табла настапува светскиот првак Магнус Карлсен.

 

Гамбит Асеко СЕЕ за противник го има тимот на Реховот Чесс Скул од Израел.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.