Тите по триумфот над Аргентина: Бевме подобри, заслужено победивме (видео)

Репрезентацијата на Бразил синоќа ја победи Аргентина со 1:0 со голот на Миранда во третата минута од судиското надополнување.

 

Бразилскиот селектор Тите рече дека неговите избраници ја заслужија победата.

 

- Точно е дека Аргентина создаде шанси, се обиде да победи, но Бразил беше подобар. Тимската работа беше наградена со цел.

 

- Стрелецот на победничкиот гол Миранда можеше да постигне гол и порано, но тој реализира на крајот. Ние бевме фокусирани на мечот и заслужено победивме, изјави Тите.

 

Натпреварот беше со пријателски карактер и се одигра на неутрален терен, во Џеда, Саудска Арабија.

 

За Аргентина не настапи Меси.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.