Гризман влезе во првите десет стрелци во историјата на француската репрезентација
- Детали
- Категорија: Спорт
- Создадено: 17 Октомври 2018
Францускиот напаѓач Антоан Гризман беше двоен стрелец на натпреварот од Лига на нации против Германија (2:1) одигран синоќа во Париз.
Со овие два гола Гризман влезе во првите десет стрелци во историјата на „триколорите“. Сега фудбалерот на Атлетико Мадрид има 26 погодоци во репрезентативниот дрес.
Најдобар на листата стрелци е Тиери Анри кој има дадено 51 гол додека настапуваше за Франција.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс