Кер незадоволен, иако Голден Стејт победи

Тренерот на Голден Стејт, Стив Кер не е задоволен од играта на своите избраници на првиот дуел од новата сезона во НБА лигата.

 

Актуелниот шампион рано утрово го совлада тимот на Оклахома Сити со 108:100.

 

- Не личевме на себе. Ќе ни треба време да влеземе во ритам. Очекувам за неколку седмици нашата игра да биде по течна одбраната да функционира, да бидеме на нивото на кое треба да игра еден шампион, изјави Кер.

 

Следниот дуел Голден Стејт Вориорс ќе го има ноќта меѓу паток и сабота на гости против Јута Џез.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.